ДОМ упати телеграма со сочуство за смртта на професорот Мирчев

ДОМ упати телеграма со сочуство за смртта на професорот Димитар Мирчев до неговото семејство, во која изрази длабоко жалење за губитокот на нивниот сопруг, татко и дедо.

„Тагата по блискиот е непреболна, но останува споменот за годините поминати заедно. А сите други кои бевме современици на професорот Димитар Мирчев, ќе го паметиме како ангажиран интелектуалец, отворен за дијалог и дебата на сите важни општествени прашања. За членовите на ДОМ ќе остане запаметен како долгогодишен претседател на Советот на интелектуалците на партијата, кој со своите добронамерни совети даде голем придонес во нејзиното формирање и развој.“