Делегација на ДОМ, предводена од претседателката, Лилјана Поповска, престојуваше во работна посета на Дојран, каде што со партиски активисти и граѓани разговараше за брзо и ефикасно надминување на еколошките проблеми, преку владина интервенција на колекторскиот систем за прочистување на водата. Беа разгледани и начините и моделите за поттикнување и развој на туризмот во Дојран, кој има извонредни природни и климатски услови за тоа.
Исто така, Поповска оствари средба и со производители на органска храна кои на плантажи во близина на Дојранското Езеро одгледуваат бадеми и јапонски јаболки наменети за извоз во западно-европските земји. ДОМ како зелена партија се залага за уште поорганизирано стимулирање на производството на органски продукти и олеснување на условите за извоз.
Со почит
Сектор за односи со јавноста на ДОМ