Претседателката на дом Лилјана Поповска денеска се сретна со специјалниот пратеник на Германија за Македонија, Јоханес Хајндл. На средбата се разговараше за можните решенија на политичката криза во земјава.
Поповска истакна дека треба да се возобнови спроведувањето на договорот од Пржино, кој дава прецизна рамка за паралелно решавање на правните и политичките проблеми. Тоа значи поништување на аболицијата, формирање техничка влада во поширок формат, контролирано прочистување на избирачкиот список под надзор од македонска и надворешна експертска група, евентуално избор на нова ДИК од експерти, овозможување на СЈО да си ја врши работата преку пвоеќе мерки и закони.
На ваков начин би дошло до пристап на правдата за сите, а и до фер и демократски избори во најкусо време. Поповска сметаше дека би било интересно за јавноста да се види составот на оние 135 илјади “нови граѓани“ на македонија и нивниот територијален распоред и етничка припадност, по што можеби би станал појасен новиот договор помеѓу ВМРО ДПМНЕ и ДУИ.
Истовремено со овие активности исполнети од македонска страна, би требало да има подадена рака од еу и нато за напредок на Република Македонија и враќање на надежта кај македонските граѓани, кои беа најсилни поддржувачи на тие процеси.