„Разврската на кризата во оваа фаза треба да почне со оставка на Државната изборна комисија, зошто не ја заврши работата! Тие се непосредните виновници што не можат да се одржат фер и демократски избори на 5 јуни.
Прочистувањето почна транспарентно и сите видовме дека избирачкиот спиок е полн со починати, иселени, непостојни лица. Самиот ДИК првин со консензус заклучи дека има над 300.000 сомнителни што треба да се проверат, а сега тврди дека избирачкиот список е прочистен. Како можеме да веруваме во тоа, кога знаеме дека ни пријавата од ДОМ за поголем број грешки во списокот, ДИК не ја стави на теренска проверка, ниту пак ни одговори. А во таа пријава стои и името на нашиот моментален Премиер, Емил Димитриев, пронајден на друга адреса од онаа на која живее во Пробиштип. Патем, истиот тој има дадено трета адреса во анкетниот лист! И како сега да им веруваме на институиите, раководени од овие луѓе, дека ќе обезбедат фер и демократски избори?“
Ова, меѓудругото, го нагласи Претседателката на ДОМ, Лилјана Поповска на денешната дебата за политичката ситуација во Македонија организирана од Цивил, со учество на 30 партии, што беше и реализација на предлогот на ДОМ за широка општествена дебата за излез од политичката криза.