Претседателката на ДОМ, Лилјана Поповска во Брисел учествува на дводневен состанок на лидери на Зелените партии од Европа што е прво вакво присуство откако ДОМ минатиот ноември стана полноправна членка на оваа групација европски зелени партии.
На собирот се очекува најмногу да стане збор за градењето заедничка стратегија за дејствување на планот на екологијата, социјалната правда и оддржливиот равој. Овие теми и преоритети што треба да се донесат, всушност, се противтежа на популистичките, ретроградни движења, помогнати и поддржани од големите мултинационални компании кои за остварување на своите интереси постојано ја уништуваат животната средина, ја нарушуваат климата и влијаат врз нејзините промени.