Членот на претседателството на МОДОМ, Милан Николовски е избран за член на Извршниот одбор на Мрежата за соработка и развој на Источна Европа,за време на Генералното собрание кое се одржа во Скопје од 25 до 28 февруари.
Повеќе од 40 делегати од организациите членки, партнерските организации и гости од 40 земји одлучуваа за новиот состав на Извршниот одбор, прием на нови организации-членки како и за Планот на активности за тековната 2016 година.
Покрај преставникот на МОДОМ во новиот состав на Извршниот одбор беа изгласани и преставници на Зелените од Грузија, Швајцарија, Украина и Азербејџан, а ЦДН стана побогата со една членка, НВО од Ерменија “Партнерство за зелен развој”, (Partnership for green development) со статус на партнер организација.
Во текот на вчерашниот ден учесниците ја поддржаа акцијата на Федерацијата на младите европски Зелени “#безбедни премини” (#safepassege) и изразија поддршка на правата на мигрантите. Оваа акција истовремено ја организираа членки во земјите ширум Европа.