ДОМ: Наводите на СЈО се аларм за избирачкиот список

ДОМ ја поддржува работата на Специјалното јавно обвинителство и ги охрабрува  судовите за да излезе вистината и правдата на виделина. Доколку се потврдат наводите за масовни изборни нерегуларности што биле направени во претходниот период,  тогаш тоа е аларм за потребата од сериозна и длабинска проверка и прочистување на избирачкиот список.

Овие обвинувања го поттикнуваат и сомнежот за можни злоупотреби и неправилности на претстојните парламентарни избори, ако се избрза со нивниот датум. Очигледно е дека времето кое што ни останува до 24 април е недоволно за таква темелна акција.