ДОМ им посакува среќни и бериќетни новогодишни и божикни празници на сите граѓани на Република Македонија.
Во Новата 2016 година Ви посакуваме добро здравје, среќа и успех во приватниот и професионалниот живот и изразуваме надеж за стабилна, поуспешна и просперитетна година за Република Македонија.
ДОМ и во Новата 2016 ќе продолжи посветено да работи во интерес на доброто и благосостојбата на земјата и на сите нејзини граѓани.
За ДОМ годината што доаѓа претставува десетгодишен јубилеј, време во кое партијата созреа во почитуван учесник на македонската политичка сцена. Доследно и силно се залагавме за нашите програмски приоритети: демократијата и човековите права, заштита на природната средина и здравјето на граѓаните, еднакви можности за сите, владеење на правото, зелената економија. И во наредната 2016 година ќе продолжиме и ќе ги засилиме овие заложби, особено што не очекува изборна година. ДОМ очекува и се надева дека на парламентарните избори Македонија ќе покаже силен демократски капацитет, а граѓаните својата политичка зрелост, одлучувајќи според сопствените убедувања.
Нека ни е среќна Новата 2016 година!