ДОМ повторно бара Владата да прогласи ВОНРЕДНА СОСТОЈБА СО ЗАГАДУВАЊЕТО од утре до крајот на февруари!
Бараме ИТНИ МЕРКИ ВО ГРАДОВИТЕ, ЗА ДА НЕ ДИШЕМЕ ОТРОВ! Тоа се:
- „Зелена“ зона за пешаци и велосипедисти во центарот!
- Забрана за возила под 4 ЕУ стандард во градскиот сообраќај!
- Воведување пар-непар!
- Повеќе автобуси во јавниот превоз!
- Јавен превоз во градови кај што го нема!
- Затворање на градилиштата!
- Миење на улиците со ВОДА!
- Субвенции за печки со целосно согорување и квалитетни горива за домаќинствата!
- СТРОГА контрола на индустриските постројки, посебно на горивата!
- Редовно собирање на отпадот!
Ова се итни мерки што се прават со скромен буџет, а можат брзо да дадат резултат. Владата не смее да се оглушува на протестите и барањата на граѓаните, зашто тие се борат и за нивните деца!
ДОМ ќе го поддржи и утрешниот граѓански протест и повикува на поголема излезност!