ДОМ: Избран секретар, шеф на изборен штаб и заменик

Доцна синоќа беше одржан Централниот одбор на ДОМ, на кој беше договорена рамката на предизборната кампања на ДОМ како зелена партија.

Избрани беа: секретар на ДОМ (Христа Најданов), шеф и заменик шеф на изборниот штаб (Тони Ристов и Христа Најданов), како и член на ЦО (Дане Милошевски).

Христа Најданов е еден од основачите на ДОМ. Има магистрирано на ЛУМСА Универзитетот во Рим, а има богато искуство во граѓанскиот и хуманитарниот сектор како застапник на жртвите од семејно насилство.

ЦО на ДОМ го разреши Денко Скаловски од член на ЦО поради програмско разидување. Ја известуваме јавноста дека тој не ја претставува партијата во Советот на Град Скопје, за што ја известивме официјално и таа институција.