ДОМ против поскапувањето на јавниот превоз

Од ДОМ упатуваме остра реакција до Град Скопје за предвиденото поскапување на градскиот превоз и разните рестриктивни мерки во оснос на него.

Наместо да се преземат мерки за намалување на загадувањето и да се стимулира јавниот превоз, од таму преземаат контра мерки и придонесуваат дополнително да се зголеми употребата на приватни возила и со тоа загадувањето уште повеќе да добие на интензитет.

Ова е нелогична одлука и таа итно треба да се преиспита, а упатуваме апел и до советниците во Град Скопје да не ја поддржат оваа одлука и да се спротивставаат на нејзино усвојување.

Ги прашуваме градоначалникот Коце Трајановски и ЈСП Скопје:

  1. Врз основ на каква анализа ја предлагаат оваа одлука?
  2. Дали граѓаните кои редовно го користат јавниот превоз треба да ги плаќаат вишокот споменици?
  3. Дали имаат намера да преземат сериозни мерки за намалување на загадувањето?