MОДОМ: Повик за балканска солидарност со бегалците

Зелените ги повикуваат сите граѓани, движења и целокупното граѓанското општество, но пред сеВладите да преземат сериозни чекори согласно развојот на ситуацијата и сите чинители заедно да создадеме похумана атмосфера за бегалците. Барањата се основани на фактичката состојба на бегалците, случаитена користење насилни методи од полицијата, сложените процедури за регистрација, затворените граници и принудни враќања назад во нивните домови, неможноста да им се обезбедат основните услови за престој, здравствената заштита и медицински третман, како и слабата правна поддршка.

МОДОМ како дел од оваа меѓународна мрежа посочува на недоволната информираност и ниската свест за бегалската криза и недоволната подготвеност на институциите во справивањето со овој проблем.