Продолжува безмилосната сеча на дрвата!

Продолжува безмилосното  уништување на дрвата водено од бизнис интереси и непочитување на автономијата на одредени институции.

Сечата на дрвата на платото кај Дом на АРМ која се случи утрово, исто како и кај Ректоратот, е уште еден чин на уништување на природата и бетонирање на просторот во презагедното Скопје.

Ајде да ги потсетиме нарачателите што предизвикуваат:

  • загаден воздух 15 кратно повисоко од стандарите,
  • над 1000 смртни случаи предизвикани од загадување,  
  • десетици илјади срцево болни,
  • десетици илјади со белодробни заболувања,
  • високи проценти на стерилитети како последица од загадувањата,
  • запрени природни текови на проветрување.

Зарем не се свесни дека со ова ја прават животната средина неиздржлива за живот. Нејасно е само за кого ги градат сите објекти, кога градовите ќе ни останат без жители, односно ќе станат градови на духови!