ДОМ на семинар со Европските Зелени гради изборна кампања

ДОМ во текот на овој викенд во Скопје одржува семинар на кој ја гради својата изборна кампања за изборите во април, со помош на Европските Зелени и експерти од Германија и Холандија.

Ова е дел од подготовките за самостоен настап на ДОМ, на кој ќе ја претстави зелената политичка агенда. Дефинирани се тематските приоритети и методите за настапување во сите шест изборни единици.

Учесниците на семинарот ја поздравија веста за исходот од Светскиот самит за климатски промени во Париз, каде за прв пат се постигна договор на сите држави за намалување на емисиите на ЦО2 за да се  спречи покачувањето на температурата над 2 степени Целзиусови на светско ниво и над 1,5 степени на национално ниво. Најголем успех е договорот за напуштање на фосилните горива до 2050 година, но голем предизвик ќе биде исполнувањето на овие цели, посебно од страна на најголемите земји-загадувачи, што ќе значи продолжување на борбата на зелените активисти од целиот свет.       

Со почит

Сектор за односи со јавноста на ДОМ