ДОМ протестира против сечата во кругот на Универзитетот

ДОМ протестира против сечата во кругот на Универзитетот и против самата идеја да се гради таму.

Со кое право Владата одлучува што ќе има во кругот на Универзитетот и ја гази неговата автономија? Со кое право пак самиот Универзитет прифаќа ваква узурпација? Каде е согласноста на универзитетската управа,  на професорите, на студентите?

Неприфатливо е во Македонија да продолжи ова мешање на надлежности на институциите и ставањето рака врз сите нив од страна на Владата! Каква иронија: денес Македонија одработува за Денот на дрвото, а некој сече дрва на истиот ден.