МОДОМ на COP21 во Париз

Александар Христу – Каневче и Милан Николовски од Младинската организација на Демократска обнова на Македонија (МОДОМ) учествуваа  на Младинската конференција (Conference of Youth – COY11) која се одржа од 26 – 30 ноември 2015 во Париз, Франција.Тие учествуваа во граѓанското движење против климатските промени што се одржа во центарот на Париз и на кое присуствуваа над 10 илјади млади и возрасни граѓани, членови на организации и туристи, кои сите заедно кажуваа пароли на француски, англиски, шпански јазик, како и напишани текстови на постери.

Милан Николовски од МОДОМ на 1 декември 2015 беше избран за делегат на Европскиот младински форум преку Федерацијата на Европските млади зелени (Federation of young European greens – FYEG) на овогодинешната конференција за климатски промени (Conference of Parties – COP21) што се одржа во Париз, Франција.

Млади лидери од голем број најразлични земји со климатските промени повикаа на ОН COP21, барајќи амбициозна и силна долгорочна цел во Париската спогодба. Нивната акција е во знак на поддршка на Climate Vulnerabile Forum, меѓународно партнерство на најранливите земји од затоплувањето. ЦФВ ја усвои Манила – Париз во понеделникот, што сеуште е најобединет повик од членките на ОН за полноправна декарбонизација и 100% обновлива енергија до 2050 година за да се задржи затоплувањето под 1,5 ̊С.

Со цртање кругови околу десното око кое младите го смислија, симболизира 0 – нула фосилни горива до 2050 година, со тоа што затоплувањето ќе се задржи под 1,5 ̊С. Потоа следеше марш на COP21 предводен од младите сили. Акцијата се организираше со барање за одговорност од развиените земји, итно да ги отфрлат фосилните горива и да обезбедат финансии и технологија за помош на земјите во развој. Друг клучен принцип на мандатот на младите е премин кон обновливите извори на енергија во рамките на државите, обезбедувајќи поддршка за работниците и зависните заедници од фосилни горива.

Акцијата брзо се шири на Твитер и другите социјални мрежи, а тоа можете да го следите преку хаштагот#ZeroBy2050, #COP21, #105C.