Поповска побара надзорна расправа за загадувањето на воздухот

Лилјана Поповска од ДОМ, на почетокот на седницата за пратенички прашања со процедурална интервенција побара оддржување надзорна расправа за проблемот со загадувањето на воздухот. Ова е заклучок и јавно превземена обврска нејзина и на пратеникот Стефан Богоев од СДСМ од јавната расправа на Мобилниот парламент на МОСТ одржана на 17.11.2015 година.

Ова барање е поддржано од пратеничката група на СДСМ, ЛДП, НСДП и ПДТ.

Поповска побара јавно ветување од Претседателот Трајко Вељаноски дека ќе се заложи ваква расправа да се одржи, затоа што е ова ургентно важно прашање, имајќи предвид дека доаѓањето на зимата ја влоши состојбата со загадувањето и тоа драматично се одразува врз здравјето на граѓаните. Претседателот Вељаноски позитивно се изјасни за предлогот.