На денешната седница на Централниот Одбор на ДОМ, беше дискутирано за актуелната политичка ситуација, по што се донесе заклучок ДОМ да продолжи со подготовките за самостоен настап преку теренски активности, и изработка на изборната програма. За координирање на овие активности беше задолжен Извршниот Одбор на ДОМ.
Членовите на Централниот Одбор беа информирани за унапредувањето на соработката со Европските Зелени, а беа избрани и нови членови Централниот Одбор на ДОМ.
Со почит,
сектор за односи со јавност на ДОМ