ДОМ не е во преговори со никого

Лилјана Поповска претседателката на ДОМ за „Телма“ ги коментираше  информациите дека е дел од  преговори за  нови коалиции: ,,ДОМ ја работи својата програма и се спрема за самостоен настап.

Лобираме за една изборна единица и тогаш е најдобро секој да излезе со своја листа и своја програма.  Ако остане стариот изборен модел со шест изборни единици,тогаш има логика да се размислува за здружување врз основа на програмска блискост. Што се однесува до информациите дека  се преговара со некои колеги ќе го кажам следново: со Трифун Костовски немам никоков контакт, а со Павле Трајанов се гледаме во парламентот и соработуваме на одредени прашања, но нема никаков договор″.

Со почит

Сектор за односи со јавноста на ДОМ