Милан Николовски и Александар Христу Каневче од 9-12 септември беа учесници од МОДОМ на конференција за климатските промени во Западен Балкан која се одржа во Тирана, Албанија. Конференцијата е во организација на Зелената европска фондација со поддршка на Федерацијата на младите европски Зелени и Мрежата за соработка и развој на Источна Европа, а домаќини се Албанските млади Зелени.
Целта на конференцијата е да се скенира моменталната ситуација со климатските и енергетски политики во земјите на Западен Балкан во корелација со истите во Европската Унија Учесниците истражуваа како економските и енергетски политики влијаат на глобалните климатски преговори и регулативите на ЕУ, како и за улогата и влијанието на различни чинители при креирање политики поврзани со климатските промени.
Инспирација за проектот беше претходниот напор да се дебатира на процесот на проширување на ЕУ преку сличен формат. Учесниците на “Европа напред” ги поттикнаа организациите да се надоврзат на регионалната конференција и да погледнат подлабоко во одредени политики, како што се климатската и енергетската политика кои се од голема важност поради приближувањето на COP21 (Конференција за климатските промени во Париз).
. Учесниците на конференцијата имаа јасен увид во тоа како се уредени климатските политики, кои учесници го движат процесот и во што ќе се претвори борбата помеѓу различни групи на интереси на претстојниот СОР во Париз. Француската амбасадорка за климата, Беренжер Квинси, Лоренц Товат од Зелен форум на Шведска и Шена Санчез од Федерацијата на Млади Европски Зелени анализираа различни аспекти на претстојниот COP21 во Париз и ги проценуваа шансите и опасностите за составување на климатски договор.
Ведран Хорват – директор на Институтот за еколошката политика претстави подетална анализа на зелените движења во земјите од Западен Балкан. Претставникот на делегацијата на ЕУ во Албанија – Антоан Авињон отфрла скептицизам, меѓутоа нагласува дека земјата не напредува доволно брзо поради структурни проблеми. Ада Металиу од Албанските Млади Зелени изјави дека ЕУ климатските стандарди нè водат да мислиме кон развојот на политиките на енергетскиот сектор на национално ниво, истакнувајќи ја потребата од проактивни мерки за соочување со климатските влијанија врз економијата.
Сите присутни имаа можност да се запознаат и беа поканети да земат учество во тековните климатски кампањи покренати од EGP и FYEG.
По завршувањето на овој настан на 12-ти септември илјадници луѓе од целиот континент им кажаa „ДОБРЕДОЈДЕ“ на бегалците. Активистите од FYEG и CDN меѓу кои беа и претставниците од МОДОМ, учествуваа во акцијата за солидарност на Младите албански Зелени во Тирана.