Европратеникот Рајнард Бутикофер, копретседавач на Европските Зелени и Марија Петинаку, член на Извршниот комитет на Европската Зелена Партија, го посетија бегалскиот камп на македонско-српската граница кај Табановце, во придружба на Лилјана Поповска и Маја Морачанин од ДОМ.
Целта беше директно да се информираат за начинот и условите за транзитирање на бегалците од воените жаришта. При посетата беше констатирано дека состојбата е мирна, бегалците што доаѓаат со воз се пречекувани од екипи од Црвениот крст и УНХЦР, понудувани со вода, храна, прва помош и хигиенски пакети, по што веднаш заминуваат во Србија. Волонтерите од Црвениот крст подигаат монтажна населба за одмор на бегалците, а просторот е во извонредно чиста состојба.
Европските Зелени се залагаат за максимано почитување на човековите права и слободно движење на луѓе, како и за меѓународна солидарност.