Изминатиот викенд во Струга се одржа Третото собрание на Националниот младински совет на Македонија. На Собранието беше усвоен Работниот план за 2015-2016 на Советот, а беа избрани и членовите на Управниот и Надзорниот одбор. Симона Сарделиќ, која беше претседателка на МОДОМ во периодот 2012 – 2015 година, стана дел од УО на НМСМ, а МОДОМ како делегат на Собранието го претставуваше Марија Михајловска, член на Претседателството.
Делегатите за претседател на НМСМ го избраа Дамјан Николовски (Y-PEER), а за потпретседател Јане Павлевски (Извидници). Покрај кандидатката од МОДОМ во Управниот одбор влегоа Иван Јованов (Младите можат), Сибел Бајрам (СУМНАЛ), Александра Живковиќ (Радио МОФ) и Арлинда Мазлами (Мултикултура).
На Собранието за прв пат беа избрани членовите на Надзорниот одбор и тоа: Ивана Давидовска (ЦИД), Соња Николовска (ЛиДеМ), Дона Џамбаска (Фондација Метаморфозис), Мартина Блажевска (ОММ) и Весна Илиевска (КриејтивЕјт), а беше усвоен и деловникот за работа на ова тело.
Кон НМСМ на ова Собрание пристапија три нови организации членки: КРИК, КХАМ ДЕЛЧЕВО и Романо Авази од Тетово.
Националниот младински совет има за цел да работи на унапредување на младинското организирање и застапување на младинските интереси и младински права во Република Македонија.