МОДОМ со апел до МОН

Младинската oрганизација на ДОМ апелира до Министерството за образование и наука и покрај прекинатиот штрајк на средношколците од безбедосни причини, дека посaкуваниот дијалог е трајна определба, како единствен можен начин со кој може да се дојде до заедничко прифатливо решение помеѓу засегнати страни.

МОДОМ смета дека образованието е премногу важна работа за да биде оставено без сериозно менаџирање и почит кон нивните ставови. Досега околу 10 илјади граѓани се потпишаа на петицијата за поддршка на средношколците што е голем показател за легитимноста на нивните барања.

Исто така МОДОМ остро ги осудува апсењата на младите луѓе кои мирно протестираа минатата недела против полициската бруталност . До денес во притвор се вкупно 12 лица. Сметаме дека со ваквата постапка индиректно се праќа порака до граѓаните да не излегуваат на протести, а правото на протест е право загарнтирано со Устав.