На вчерашната седница на Извршниот одбор на ДОМ беше разгледувана политичката ситуација во земјата и беше донесена одлука за излегување од владината коалиција. Беше заклучено дека со овој чекор ДОМ ќе помогне во разрешувањето на длабоката политичка криза која е закана за стабилноста на Република Македонија. Оваа одлука ќе биде предложена на Централниот одбор што ќе се одржи деновиве.
Сектор за односи со јавност на ДОМ