ДОМ, преку Комисијата за образование, апелира до МОН за итен дијалог со Средношколскиот пленум, за размена на аргументи и доаѓање до заедничко решение.
Неприфатливо е одложувањето на дијалогот и заобиколување на Средношколскиот пленум, со образложение дека веќе е разговарано и е постигнат договор. Да кажеме искрено, тоа е сторено со неколку претставници на Унијата на средношколци, која најголем дел од средношколците не ја признаваат за свое легитимно претставничко тело. Да имаше таа унија реално влијание, немаше средношколците сеуште да бидат во бојкот! ДОМ смета дека образованието е премногу важна работа за да биде оставено без сериозно менаџирање и почит кон младите луѓе и нивните ставови.
Сектор за односи со јавност на ДОМ