Македонска делегација денеска учествуваше на јавна расправа за климатските промени во српскиот парламент, организирана од пратеникот Иван Кариќ, претседател на партијата Зелени Србије.
Стево Темлкоски, заменик министер за животна средина, ја претстави законската и институционалната рамка за борба со климатските промени, како и проекциите за зголемување на температурите во Македонија за 2, 9 степени Целзиусови во 2050, што ќе предизвика пад на производството на пченица за 25% и на пченка за 86%.
Пратеничката Лилјана Поповска укажа дека е неопходна регионална соработка во борбата со климатските промени, поради што ДОМ во 2014 година излезе со иницијатива за еколошка безбедност на Балканот како одговор на климатските промени, по што беше одржана регионална конференција на 10 Зелени партии со поддршка на Балканската мрежа на Европските Зелени.
На јавната расправа излагаше и европратеникот од хрватската зелена партија, ОРаХ, кој истакна дека ЕУ веќе размислува за сценаријата по 2020 година, со поамбициозни цели во енергетската ефикасност, обновливите енергии и циркуларната економија.
Сектор за односи со јавност на ДОМ