Со денешната трибина Форумот на жени на ДОМ ја започна кампањата за измена на Изборниот законик со цел 50 проценти жени на избирачките листи, која ја најави на 8 март годинава.
Форумот на жени на ДОМ предлага „патент“ модел, односно наизменичен распоред според полот на листата на кандидатите (маж-жена, односно жена-маж). Овој принцип ќе доведе до унапредување на родовата рамноправност, зголемено учество на жените и нивното влијание во политичките партии и во севкупниот политички живот во општеството. Тоа ќе овозможи искористување на потенцијалот на голем број компетентни жени, што ќе води кон демократизација и ќе претставува огромна придобивка за целото општество. Ова е и заложба на Обединетите Нации, насловена како „Планета 50-50 до 2030 година“. Целта на денешната трибина беше да се отвори дебата на оваа тема, со учество на претставнички од женските организации на политичките партии. ДОМ доби поддршка од Демократскиот сојуз и Либералната партија, како и од Македонското женско лоби. Во наредниот период ДОМ ќе бара поддршка и од другите политички парти, невладини организации и граѓаните на Република Македонија.
Со почит,
Сектор за односи со јавност на ДОМ