Покана за трибина: Како Македонија да биде уште поатрактивна за туристи од земјата и регионот?

Почитувани,

Чест ни е да Ве поканиме на трибината на која ќе говориме за тоа како Македонија дополнително да го зголеми бројот на туристи од земјата и од регионот, за да се постигне поголема исполнетост на домашните капацитети во текот на цела година. Со тоа би се следел трендот на удвојување на странските туристи во последниве неколку години, откако започна динамична промоција на Македонија како туристичка дестинација, со истовремена понуда на цела серија државни стимулативни мерки за субјектите во туризмот.

Трибината ќе се одржи на 30.10.2014 г.(четврток), во Дипломатик сала на Стопанска комора (3-ти спрат), со почеток од 11 часот.

ПРОГРАМА

Модератор: Лилјана Поповска, претседателка на ДОМ

Учесници:

  • Кристијан Џамбазовски, директор на АППТ – Позитивните трендови во туризмот на Македонија со статистички осврт
  • Асим Меѓедовиќ, ХОТАМ – Искуство на хотелиерите со туристи од земјата и регионот
  • Александар Коневски, Асоцијација на туристички агенции за дојдовен туризам на Македонија – Конкурентноста на туристичката понуда на Македонија во регионот
  • Ана Петровска, РЕЦ – Едукација на младите за туристичките потенцијали на земјата
  • Владо Србиновски, НВО Балканија – Развој на алтернативниот туризам во Македонија
  • Љупчо Јаневски, експерт за стратешки маркетинг – Јакнење на промоцијата на туристичката понуда во Македонија.

Со почит,

Сектор за односи со јавноста