Борбата против загадувањето мора да продолжи со серија итни мерки, зашто маглите се спуштија и во градовите станува „опасно дишењето“. ДОМ минатата година предложи мерки кои дел од нив беа усвоени од Градот Скопје и Владата. На веќе усвоените мерки ги повторуваме дел од нашите предлози и придодаваме нови.
ДОМ изразува задоволство од најавата на Макстил да го прекине работењето од први ноември, се дури не се монтира еколошката опрема. Токму ова беше нашиот предлог уште пред неколку месеци, кога Скопјани протестираа поради загадениот воздух, а ДОМ поднесе кривични пријави за Макстил и Југохром.
Борбата со големите загадувања од Макстил и Југохром дава резултат, што се покажува и со цврстиот став на Министерството за животна средина да не дозволи натамошно продолжување на работа без исполнување на еколошките стандарди.
Но борбата против загадувањето мора да продолжи со серија итни мерки, зашто маглите се спуштија и во градовите станува „опасно дишењето“. ДОМ минатата година предложи мерки кои дел од нив беа усвоени од Градот Скопје и Владата. На веќе усвоените мерки ги повторуваме дел од нашите предлози и придодаваме нови.
– Рестриктивно движење на возила кои не ги исполнуваат Еуро стандардите за квалитет на дизел или бензин горивата низ градот (практично, формирање т.н. зелена зона во центарот на градот).
– Формирање дежурни екипи од инспектори за животна средина на национално и локално ниво кои континуирано ќе вршат контрола на правните и физичките лица кои го загадуваат воздухот – значи и попладне и во викенди.
– Казнени мерки против оние субјекти кои за добивање топлина користат прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од мебел, ПЕТ амбалажа, гума и синтетички материјал.
– Прилагодување на динамиката на градежните зафати кон временските прилики – заради намалување на прашината во воздухот.
– Доследно применување на Правилникот за методологијата за мониторинг на квалитетот на амбиентниот воздух.
– Формирање на мрежа на Градски велосипедски сервис со цел изнајмување на велосипеди по симбилична цена. Ова значи поставување на најмалку 10 пунктови за изнајмување на велосипед.
– Владата да одвои финансиски средства за субвенционирање на приватни и физички лица кои купуваат електромобили или хибридни возила.
– Град Скопје да донесе Програма за намалување на загадувањето на воздухот и унапредување на квалитетот на амбиенталниот воздух.
– Редовна контрола и одржување на оџаците и други гасо-одводни канали, заради намалување на загадувањето на воздухот и поголема енергетска ефикасност, преку намалено трошење на гориво и негова поголема искористеност.
– Градот Скопје и општините итно да почнат да ги реализираат Акционите планови за енергетска ефикасност.
– Урбанистичко планирање што води сметка за розата на ветрови и проточноста на воздухот.
– Зголемување на зелените површини во градот.