ИНФОРМАЦИЈА за Конференција на балканските зелени партии

ИНФОРМАЦИЈА

за Конференција на балканските зелени партии

„ЕКОЛОШКА БЕЗБЕДНОСТ ЗА БАЛКАНОТ – СПРЕМЕН ОДГОВОР ЗА КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ“

Скопје на 4 октомври, сабота (од 12.30 часот) и 5 октомври, недела (од 9.00 часот)

во Сити Хол Центар, МКЦ

Почитувани,

Ве покануваме да учествувате на Конференцијата на балканските зелени партии „Еколошка безбедност за Балканот! – Спремен одговор за климатските промени“, која ќе се одржи во Скопје на 4 и 5 октомври, сабота и недела во Сити Хол Центар, МКЦ. Отворањето на Конференцијата е во сабота во 12.30 часот.

Оваа конференција е дел од истоимената кампања на ДОМ што ја промовиравме во јуни оваа година и за која добивме поддршка од Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов.

Поттик за оваа кампања беа катастрофалните поплави како последица од климатските промени во целиот регион. Се покажа дека сите земји се соочија со предизвикот да дадат брз и соодветен одговор, за да се спасат животи и материјални добра.

Темите на конференцијата ќе бидат: Подготвеност за ризици од катастрофи, Заштита и управување со природните ресурси, Безбедност на храна и Финансирање на мерките за еколошка безбедност на Балканот. Свои обраќања ќе имаат претставници од речиси сите балкански зелени партии. На конференцијата своето учество го најавија претставници од Хрватска, Србија, Романија, Словенија, Црна Гора, Бугарија, Босна и Херцеговина, Албанија, Грција, Косово и Турција.

Со почит,

 Сектор за односи со јавноста

Конференција на балканските зелени партии

ЕКОЛОШКА БЕЗБЕДНОСТ ЗА БАЛКАНОТ – СПРЕМЕН ОДГОВОР ЗА КЛИМАТСКИТЕ ПРОМЕНИ

Скопје на 4 октомври, сабота (од 12.30 часот) и 5 октомври, недела (од 9 часот) во Сити Хол Центар (City Hall Centre), МКЦ

4 октомври, сабота

12.30 – 13.30 Отворање на Конференцијата – поздравни говори

модератор – проф. Д-р Денко Скаловски

  • Лилјана Поповска – Претседател на ДОМ
  • Стево Темелковски – заменик министер за животна средина и просторно планирање – Македонија
  • Д-р Давор Шкрлец – член на Европскиот Парламент – ОраХ, Хрватска
  • Член на комитетот на Европската зелена партија – видео порака
  • Иван Кариќ – член на Парламентот на Р. Србија – Зелени Србије, Србија
  • Борислав Сандов, копретседател на Зелените, Бугарија
  • Даут Малоку, претседател на Partia e Gjelber te Kosoves, Косово
  • Силвиу Думитриу, генерален секретар на Partidul Verde, Романија
  • Игор Јуришиќ, претседател на Странка Младих Словеније, Словенија – видео порака
  • Денис Грац, претседател на Наша Странка, БиХ – видео порака

13.30 – 15.00 Прва сесија – ПОДГОТВЕНОСТ ЗА РИЗИЦИ ОД КАТАСТРОФИ

16.00 – 17.30 Втора сесија – ЗАШТИТА И УПРАВУВАЊЕ СО ПРИРОДНИТЕ РЕСУРСИ (вода, почви, шуми, биодиверзитет)

5 октомври, недела

 9.00 – 10.30 Трета сесија – ЕКОЛОШКА БЕЗБЕДНОСТ НА ПОЛЕДЕЛСТВОТО И ХРАНАТА

11.00 – 12. 30 Четврта сесија – ФИНАНСИСКИ ИНСТРУМЕНТИ ЗА ЕКОЛОШКА БЕЗБЕДНОСТ НА БАЛКАНОТ

 12.30 – 13.00 Заедничка прес конференција на претставниците од балканските зелени партии

 13.00 – 14.00 ЗАКЛУЧОЦИ И ПОЛИТИЧКА ПОРАКА НА БАЛКАНСКИТЕ ЗЕЛЕНИ ПАРТИИ