Честитка од ДОМ за Илинден

ДОМ на сите граѓани на Р.Македонија им ги честита двата македонски Илиндена – 111 години Илинден и 70 години АСНОМ, со порака минатото да ни биде учител за иднината. Херојските дела на нашите предци не обврзуваат на почит, зашто многу жртви се дадени за остварување на нивниот сон – суверена и независна Република Македонија.

ДОМ потсетува дека таа борба се уште трае – тоа е борбата за името, предизвикот со кој се соочува оваа генерација. Тоа е испитот на мудроста, достоинството и зрелоста на новите генерации македонски граѓани и политичари.

Скопје, 01.08.2014                                     

Со почит,

Сектор за односи со јавностна ДОМ