ДОМ бара Макстил и Југохром да не работат до еколошко прилагодување. Од менаџерските тимови бара да покажат хуманост кон луѓето во Скопје и Тетово, но исто така и почит кон законите на оваа земја, каде што го прават профитот!
Тие беа единствените големи загадувачи кои го игнорираа рокот 1. април 2014 и немаа ни започнато со набавка на еколошка опрема. Започнаа дури по изречените казни, изнудувајќи продолжување од 6 месеци, со обврска да работат на минимум од 30%, за да можат да подигнат кредити за опремата. Но, со оглед на испуштањето облаци чад и прав, изгледа како да работат со 130% !
ДОМ подготвува кривични пријави за непочитување на Законот за заштита на животната средина и за загрозување на здравјето на луѓето и животната средина, според член 43 од Уставот.