Оценка на ДОМ за атмосферата на изборниот процес

ДОМ оценува дека изборите поминаа во мирна и демократска атмосфера. Ова го кажуваме врз база на информациите што ги добивме од терен и од медиумите, посебно преку изјавите на набљудувачите. Вакви избори и требаат на Македонија, во европски манир и мирна атмосфера.

Каков и да биде резултатот сите ние како политички субјекти треба да го прифатиме, независно дали ни се допаѓа или не, затоа што тој е одраз на волјата на граѓаните. Она што ни треба сега е мирно формирање влада која ќе се фати со решавање на внатрешните работи и евроатлантските интеграции.