МОДОМ на настан за размена на активизам

Претседателката на МОДОМ, Симона Сарделиќ и членот на Извршниот Одбор на ЦДНЕЕ (CDNEE), Блаже Јосифовски, изминатиот викенд во Бугарија учествуваа на настан на кој беше преставен „фракинг“ методот за вадење на нафта и гас од шкрилци. На овој настан уествуваа и активисти од Србија како и експерти и преставници на граѓанските иницијативи кои работат на полето на „анти- фракинг“ од Бугарија.

Бугарските млади Зелени со финансиска поддршка на Федерацијата на младите европски Зелени го организираше настанот со цел да ги информира луѓето за негативното влијание на фракингот по животната средина и здравјето на луѓето. Во рамките на настанот се прикажаа филмови, се водеше дискусија, се спроведоа и улични активности, а беше организирана и посета во Луковит, Девенци и Големо Пештене каде се наоѓаат и сондажите за добивање на гас од шкрилци и се водеа разговори со локалното население.

Целта на овој настан беше да се нагласи важноста на оваа тема и тоа не само во Бугарија, туку и на Балканот и во цела Европа. Гасот од шкрилци и фракингот треба да бидат забранети, а нашите влади да инвестираат исклучиво во обновливите извори на енергија.