ДОМ ја потпиша Декларацијата за осуда на говор на омраза и дискриминаторски говор кон жените, лезбејките, геј мажите, бисексуалците, трансродните лица и маргинализираните заедници.
„Природно е што како зелена партија ја потпишавме Декларацијата против говорот на омраза за време на изборите, затоа што ние сметаме дека Македонија треба да биде дом за сите, независно од политичката, етничката и верската припадност и независно од сексуалната ориентација или било каква друга карактеристика на некој човек. Сметаме дека во текот на изборниот процес треба да говориме за своите програми и она што сме го направиле во изминатиот период и тоа да биде она со кое ќе се мериме пред граѓаните во изборната трка, при што омразата е неприфатлива и нешто што и пречи и на кампањата и на граѓаните, зашто говорот на омраза повредува луѓе“, порачаЛилјана Поповска на промоцијата во ЕУ Инфо Центарот која се одржа на 18 март 2014 година.
Декларацијата е иницијатива на Коалиција Сексуални и здравствени права на маргинализирани заедници, Хелсиншки Комитет за човекови права на Република Македонија, ЛГБТИ Центар за поддршка, Акција Здруженска, Здружение за еманципација, солидарност и еднаквост на жените на РМ – ЕСЕ и Национална Мрежа за борба против хомофобија и трансфобија.