ДОМ ја предаде собраната помош за бездомниците

Форумот на жени на ДОМ ја предаде собраната помош во облека и храна во Пунктот за бездомници на Црвениот крст на град Скопје. Со ова заврши хуманитарната акција по повод 8 Март.

Присутните бездомни лица од Лилјана Поповска, Маја Морачанин и другите членови на ДОМ побараа помош за добивање работа, покрив над главата и редовни оброци. Истовремено искажаа благодарност до Црвениот крст за помошта што им ја дава во храна, лична хигена, лекарска помош, чиста облека и сместување во  студените денови.

Форумот на жени на ДОМ ќе продолжи да бара трајно институционално решение за бездомните лица со цел да се обезбеди принципот на  социјална правда преку нивно целосно ресоцијализирање и интегрирање во општеството.