Денешната седница на Централниот одбор на ДОМ беше донесен заклучок за подршка на претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓи Иванов. Подршката се базира на одговорниот и посветен однос кон државните работи во изминатиот период, но исто така ДОМ ќе бара и негов посилен ангажман за заштита на животната средина.
Во однос на настапот на парламентарните избори во тек се широки консултации со основните организации во сите И.Е, а на наредниот Централен одбор ќе биде донесена и одлуката за настапот на ДОМ на овие избори.Појдовна точка е потребата за појак глас на зелените во Македонскиот парламент, обврска која ја доби партијата од претходните локални избори освојувајќи 25000 гласови.
Беа избрани и 4 нови членови на Централниот Одбор од кои тројца предложениод Форумот на жени на ДОМ.