ДОМ ГО ПРОСЛАВИ ОСМИОТ РОДЕНДЕН

ДОМ веќе 8 години чекори кон Зелена Македонија, како стабилен и автентичен политички субјект, јасно профилиран како зелена партија. ЧЕКОРИМЕ со силна верба дека на Македонија и треба зелена партија во центарот, што ќе и даде поголема колоритност на политичката сцена, но и дежурни борци за некои заборавени теми важни за граѓаните!

ДОМ инсистира на зелени вработувања и зелена економија, одржлив развој, обновливи енергии, производство на здрава храна и еко-туризам!

Нашата визија за земјата е Македонија, како ДОМ за сите! Само таква Македонија може да биде доволно силна за да се избори за своето право да биде вреднувана според своите постигнувања, да го пробие обрачот од неправди и блокади и да се наметне како рамноправен партнер во Европа и во светот!

ДОМ ќе продолжи да чекори кон Зелена Македонија, со толеранција, разум и одмереност.

Веруваме дека оваа прослава ќе ни даде мотив за уште посилна работа, со уште повеќе резултати, за уште посилен глас на зелените во Македонија!