ДОМ му дава целосна поддршка на Премиерот Груевски за ставовите за НАТО. Прво, дека Македонија е стратешки определена и посветена за добивање членство и второ, дека Македонија тоа го заслужува.
ДОМ во целост се согласува со аргументите изложени на вчерашната средба со генералниот секретар на НАТО, Расмунсен. Македонија со право бара полноправно членство на следниот самит, зашто веќе 6 години е неправедно блокирана од Грција.
ДОМ го изразува своето чудење за ставот искажан од г-нот Расмунсен дека тоа нема да се случи се додека не го решиме спорот со Грција, кога и меѓународниот суд во Хаг потврди дека Грција е таа што ја прекршила привремената спогодба на ОН. Неразбирливо е потполното игнорирање на оваа одлука од страна на НАТО и овозможувањето на Грција да продолжи да го крши меѓународното право.
ДОМ уште еднаш го повторува своето мислење дека без силен меѓународен притисок, Македонија НЕ МОЖЕ да го реши спорот, зашто Грција, која го измисли, тоа не го сака. ДОМ и понатаму очекува меѓународната заедница да се врати на старите принципиелни позиции, кои без објаснување, ги напушти во 2008-та, а тоа е да и се овозможи на Македонија евроатлантската интеграција под привремената референца.
Сектор за односи со јавност на ДОМ