Младите на ДОМ со барања за намалување на загадувањето на воздухот во Битола

МОДОМ активно зема учество во борбата за намалување на загадувањето на воздухот. Ние ги предлагаме следните 3 мерки кои треба да се донесат на национално ниво, а ќе имаат ефект врз воздухот во Битола.

 – Финансиска помош во облик субвенции за оние кои поради лошата финансиска состојба мораат да употребуваат отпадни материи кои го загрозуваат здравјето на граѓаните. Пред се мислиме на субјекти кои за добивање топлина користат прегорено отпадно масло, лакирани или обоени отпадоци од мебел, стиропор, ПЕТ амбалажа, гума и синтетички материјал.

 – Пуштање повторно во работа на мерните станици Битола 1 и Битола 2

  – Министерството за здравство да обезбеди мобилен апарат за мерење и анализа на квалитетот на воздухот во Битола

 Ја поздравуваме одлуката на Градоначалникот на Битола да ангажира дополнителна специјализирана Агенција која што ќе го испитува загадувањето на воздухот во Битола- изјави Блаже Јосифовски потпретседател на МОДОМ.

  МОДОМ, како младинска организација на Демократската обнова на Македонија ја подигнува свеста на граѓаните за Битола зелен град. Зелен град е еколошки здрав град. Во последно време загаденоста на воздухот претставува најголема опасност по нашето здравје. Загадениот воздух кој го вдишуваме секојдневно се повеќе се зголемува. Затоа ние МОДОМ подржани од ДОМ се залагаме за намалување на загаденоста на воздухот преку подигање на зелени површини во и околу градот. Со подршка за заштита на шумите и шумските ресурси. Мобилноста во спречување на шумските пожари.Подигање на нови паркови. MОДОМ предлага еко-патроли кои ќе имаат надлежност за мониторинг на објектите. Кампањите за подигање на јавната еколошката свест и култура особено кај најмладите граѓани за почиста и позелена Битола- изјави Симона Кадинска МОДОМ Битола.

Видеоо од прес-конференцијата погледнете ја на следниот линк: https://www.youtube.com/watch?v=HO_lAeh5eAw&list=UULusD2KnE83JubBWHtboJrQ&feature=c4-overview