Оваа операција може да ја загрози животната средина не само во Албанија, туку и во Македонија и пошироко на Балканот. Молиме одговорните за носењето на оваа одлука да размислат, да анализираат и да постапат чесно кон невините и доволно намачени луѓе на Балканот, кои со мака се справуваат со старите историски загадувања.
ДОМ апелира до Владата на Република Македонија, да испрати нота до Владата на Република Албанија, преку која ќе побара од Албанија да се откаже од намерата за уништување на хемиското оружје од Сирија на нејзино тло. Апелираме и до сите дипломатски претставници во Република Македонија преку својата дипломатска мрежа да упатат загриженост до своите Влади за можноста од уништување на хемиско оружје на европско тло, а со тоа заеднички да спречиме идна еколошка катастрофа на Балканот.
ДОМ апелира и до претставниците на албанската политика и Организацијата за забрана на хемиско оружје, да се откажат од идејата за уништување на 1300 тони сириско хемиско оружје во близината на Елбасан. Тоа е премногу опасна и сериозна операција и за високо развиени земји, како на пример Норвешка која го одби овој предлог. Во моментов Албанија не може да се справи со 16 тони хемиско оружје на нејзината територија, а замислете како би постапила со 1300 тони сириско хемиско оружје. Воедно сакаме да ја поддржиме и ја поздравуваме битката која ја водат политичките партии и невладини организации од Албанија, по ова прашање и искажуваме подготвеност да помогнеме во нивната борба до конечно откажување од одлуката.
Оваа операција може да ја загрози животната средина не само во Албанија, туку и во Македонија и пошироко на Балканот. Молиме одговорните за носењето на оваа одлука да размислат, да анализираат и да постапат чесно кон невините и доволно намачени луѓе на Балканот, кои со мака се справуваат со старите историски загадувања, со новите загадувања од индустријата која сеуште е неприлагодена на еколошките стандарди, како и со разните отрови, познати и непознати што им доаѓаат од земји и краишта со сомнителен квалитет и зафатени од воени пожари.