Претседателката на ДОМ, Лилјана Поповска заедно со претседателката и потпретседателот на МОДОМ, Симона Сарделиќ и Блаже Јосифовски, од 8 до 10 ноември присуствуваа на Годишното собрание на Европската Зелена Партија, кое се одржа во Брисел.
Новина овој пат беше практикување на методот на директна демократија при изборот на двајца водечки кандидати на Зелените за Изборите за Европскиот парламент, 2014 година. Гласањето започна по електронски пат во сите 27 земји членки и трае до февруари 2014 година. Делегатите од зелените партии на Европа одлучуваа за политиките вградени во Манифестот за следните избори за Европскиот Парламент за 2014 година во кој меѓу другото Зелените уште еднаш ги повторија своите заложби и поддршката на домашно и органско производство и уште еднаш ја потврдија борбата против ГМО.
Сектор за односи со јавност на ДОМ