Честитка од ДОМ по повод празникот Рамазан Бајрам

ДОМ срдечно им го честита празникот Рамазан Бајрам на сите граѓани на Република Македонија од муслиманска вероисповед.

Завршувајќи го светиот месец на постот, Рамазан, им посакуваме секое добро, благодет и успех на сите наши граѓани кои го прославуваат овој празник.

Времето на големите верски празници е и време на добра волја, време на пружање рака на пријателство и соживот, онака како што вековната традиција на живеење на овие простори налага и докажува.

ДОМ и во оваа пригода потсетува дека само со отворено срце и без вештачки бариери можеме и мораме да живееме едни со други, а не едни покрај други, со заемна почит и уважување, зашто тоа е единствениот пат кон среќна и просперитетна иднина на сите граѓани во Република Македонија.