Изразуваме големо задоволство за Законот за зелени индустриски зони

Големо задоволство поради Законот за зелени индустриски зони, со што се остварува заложбата на ДОМ за зелена економија и зелени работни места. Со него се стимулираат чисти технологии, како производство на обновливи енергии, органска храна и слично.

Со овие зборови претседателката на зелената партија, ДОМ, Лилјана Поповска, го поддржа Законот на седница на Комисијата за економија.

Овој закон е извонредна шанса за нови вработувања, за развој на чисти технологии и за обезбедување средства за општините, за да не бидат повеќе оставени тоа да го прават главно преку комуналиите, па често градат и го бетонираат просторот без мерка и не водејќи сметка за реалната побарувачка на пазарот.

Со почит Сектор за односи со јавностана ДОМ