Изминатиот викенд во Струга, 53 младински организации, сојузи и подмладоци на политички партии донесоа одлука за основање Национален младински сојуз на Република Македонија. МОДОМ како подмладок на политичката партија ДОМ од самиот почеток ја поддржа идејата за вмрежување на младинските организации.
Присутните делегати на Собранието го изгласаа Статутот на Советот, а беа избрани и членовите на Управниот одбор и раководството. За претседател на Националниот младински совет е избрана Ивана Давидовска (ЦИД).
Националниот младински совет има за цел да работи на унапредување на младинското организирање и застапување на младинските интереси и младинските права.