Следејќи ја праксата на Европските Зелени за еднаква застапеност на мажите и жените во раководните структури на партиите, на вчерашниот Централен одбор на ДОМ (28.06.2013) беа направени неколку измени во раководството на партијата.
Имено, покрај досегашниот портпарол Тони Ристов беше избран уште еден нов портпарол – жена. Тоа е Маја Морачанин, која воедно е и претседателка на Форумот на жени на ДОМ. Покрај досегашниот потпретседател беа избрани уште двајца потпретседатели – проф.д-р Денко Скаловски, кој е воедно и советник во Советот на Град Скопје и проф. д-р Бети Дејанова, која беше носител на листата на советници на Општина Центар. На овој Централен одбор беа направени и уште неколку измени во телата на партијата, во делот на членови на секретаријатот, координатори на изборни единици и членови на комисии. Сите избрани се долгогодишни членови на ДОМ.
Со почит,
Сектор за односи со јавноста