ДОМ уште еднаш јавно го осудува сечењето дрвја кај Бристол што се случи завчера, во правен вакум помеѓу заминувањето на старата и доаѓањето на новата локална власт во Центар. Особено шокантно и неразбирливо беше ноќното сечење! Потенцираме, мора да се почитува процедурата и вољата на граѓаните кои го бранат зеленилото.
Деновиве се случи еколошка револуција во Скопје и ДОМ истата ја поздравува. Се крена бура од искрени протести на граѓаните, во која се вмешаа политички престрелки и некој сакаше политички да профитира врз туѓ грб. Во интерес на вистината, ДОМ излегува со јасен став:
1) ДОМ уште еднаш јавно го осудува сечењето дрвја кај Бристол што се случи завчера, во правен вакум помеѓу заминувањето на старата и доаѓањето на новата локална власт во Центар. Особено шокантно и неразбирливо беше ноќното сечење! Потенцираме, мора да се почитува процедурата и вољата на граѓаните кои го бранат зеленилото.
2) ДОМ подготви предлог-Закон за зеленило и идната недела ја почнува процедурата за негово усвојување: првин со консултации со стручни институции и поединци, па со невладини организации, партии и граѓани, преку јавни расправи и дебати, за да може во јуни да влезе во Собрание и да биде изгласан, по можност со консензус. Не сакаме да се повтори лошото искуство кога ДОМ го предложи законот за градски архитект, кој беше поддржан од стручната јавност и пофален од колегите од партиите, но сепак одбиен на гласањето во Собранието.
Зеленилото не може да се одбрани од случај до случај, со еднократни интервенции, кои некогаш успеваат, некогаш не. Единствен траен начин за спас на зеленило е негова институционална заштита преку: Закон за зеленило, Зелен катастар и нов Правилник за стандарди за урбано планирање, со минимум пропишано зеленило на секоја парцела.
3) Отворено ќе кажеме дека не е лесно да си припадник на зелена партија на Балканот, во транзиционо општество со многу егзистенцијални проблеми. Но тоа е и голем предизвик. Ние од ДОМ работиме со огромен ентузијазам и посветеност, како да сме цела пратеничка група, а не еден пратеник со десетина советници. ДОМ има извонредни членови – стручни луѓе и несебични активисти кои веруваат во зелената идеја и се борат за неа, со убеденост дека тука е иднината!
4) ДОМ останува цврсто на својата зелена програма. Во изминатите години тоа го потврдивме со носење на сите закони и стратегии за заштита на животната средина, со формирање мрежи од инспекторати и заштитени подрачја, со воведување обновливи енергии и енергетска ефикасност, со масовни акции за пошумување и за чистење на отпадот, со развој на туризмот, но и со гласното НЕ за топилница во Велес и железара во Неготино! Посебно внимание имаше Скопје преку редица иницијативи и кампањи за подигање на еколошката свест и барање трајни и одржливи решенија. Сега сме во следна фаза – да се избориме за зголемен буџет за животна средина, проширување и јакнење на инспекторатите, решавање на жешките точки, екологизирање на урбанизмот и др., за што е потребна политичка воља и силна поддршка од граѓаните.
5) Наши активности во Скопје беа: кампањата Скопје – Зелен град и зголемување на зелените површини, градски архитект, зелен катастар, Зелена зона во центарот, борба против загадувањето и урбаната експанзија во градот и на Водно, измена на Правилникот за урбано планирање, заштитени подрачја на Кале и парк-шумата Гази Баба и многу други. Сите заинтересирани ги упатуваме на нашата веб-старница.
6) Неопходна е итна промена на системот на финансирање на локалната самоуправа, со давање на дел од таксите и даноците, за да не биде оставена да живее главно од комуналиите, зашто тоа е најдобар рецепт да се спаси зеленилото од бетонирање низ цела Македонија!
7) ДОМ ја потсетува јавноста дека клучни играчи за формирање мнозинство во претходниот состав на советот во Центар беа советниците од ЛДП и НСДП.
Интегрален текст од прес конференцијата ма која зборуваше портпаролот Тони Ристов