Апелираме да не се тргаат избраните советнички

ДОМ им го честита изборот на четирите градоначалнички во Кисела Вода, Градско, Тетово  и Богданци, очекувајќи  добра работа, во интерес на граѓаните. Изборот на жени на овие  функции е многу значаен за сите нас, како чекор напред во демократските процеси и во постигнувањето еднакви можности за мажите и жените.

ДОМ им го честита изборот и на советничките од сите партии и јавно апелира до лидерите да не се тргаат избраните советнички! Да не се повторува праксата од претходни избори, кога во некои совети избраните жени ги отстапуваат своите места на мажи што се подолу на листите. Ако жените собрале гласови за една листа, зашто биле почитувани и имале авторитет, тогаш не е фер, не е човечки, да се отфрлат како употребен предмет!

ДОМ ги охрабрува и избраните советнички, да не попуштаат под такви притисоци и да не ги отстапуваат местата што ги заслужиле!

Пресот го одржа претседателот на ДОМ г-ѓа Лилјана Поповска.