ДОМ во денешната честитка по повод Светскиот ден на Ромите, изразува надеж дека Ромите и натаму ќе чекорат по патот на својата еманципација во политиката, економијата, социјалната сфера, образованието, културата и дека според политичките права на Ромите, Македонија и натаму ќе биде пример за Европа и светот.
ДОМ како зелена партија, како што се вели во честитката, отсекогаш се грижела за еднакви можности на сите граѓани, без оглед на нивната етничка, верска, социјална и друга припадност.
Од ДОМ потсетуваат дека во 2010 година поднеле Декларација за унапредување на положбата на Ромите која беше усвоена од Собранието на Република Македонија.