ДОМ предлага субвенции за помали сметки за струја

Советниците на ДОМ ќе се заложат за намалување на сметките за струја дури за над 50 % преку посебни програми за субвенционирање на индивидуалните домаќинства. Субвенциите ќе се однесуваат на изолација и поправка на станови како и за поставување на сончеви колектори за топла санитарна вода во секое домаќинство. За спроведување на овие програми ќе се отворат општински канцеларии за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија. Средствата за сите овие субвенции ќе се обезбедат од пакет мерки за штедење енергија на општинско ниво.

Советниците на ДОМ ќе се заложат за намалување на сметките за струја дури за над 50 % преку посебни програми за субвенционирање на индивидуалните домаќинства. Субвенциите ќе се однесуваат на изолација и поправка на станови како и за поставување на сончеви колектори за топла санитарна вода во секое домаќинство. За спроведување на овие програми ќе се отворат општински канцеларии за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија. Средствата за сите овие субвенции ќе се обезбедат од пакет мерки за штедење енергија на општинско ниво. Тие мерки ќе содржат: 


1. Изолација и санација на јавни објекти во општината (училишта, градинки, здравствени и административни објеки);
2. Поставување на сончеви панели на јавните објекти;
3. Улично осветлување со LED светилки. 


ДОМ ќе предложи и формирање на Граѓански енергетски инвестициски фонд. Преку него граѓаните ќе можат да инвестираат во нивната долгорочна енергетска иднина, со минимум финанасиски средства за изградба на енергетски и топлински капацитети за да добијат бесплатна или ефтина енергија. Вакви проекти успешно функционираат во неколку градови низ Велика Британија. 
ДОМ преку Советите на општините во наредниот период го нуди следниов концепт за остварување на зацртаната цел:


1. Формирање, во секоја општина, Канцеларија за енергетска ефикасност и обновливи извори на енергија – како оперативно тело за изготвување планови, програми и проекти и нивна реализација во општините. Најдоцна 1 година од конституирањето на општинската власт.
2. Проект Енергетски ефикасна санација, кој предвидува суштински зафати за примена на мерките за енергетска ефикасност во сите објекти од јавен карактер (училишта, градинки, здравствени објекти, административни објекти) на територијата на општината и остварување на буџетски заштеди во општината. По првата година.
3. Замена на уличното осветлување со LED диоди и од сончева енергија, за остварување на буџетска заштеда. Првата година од конституирањето и во континуитет.
4. Од заштедените средства ќе се врши субвенционирање на домаќинства со индивидуални станбени објекти кои ќе постават инсталации за употреба на обновливи извори на енергија – како на пример сончеви колектори. По првата година.
5. Субвенционирање на колективни станбени објекти (повеќекатници) кои ќе спроведат плански мерки за енергетска ефикасност. По првата година и во континуитет.

На прес конференцијата зборуваше портпаролот Тони Ристов